Компир на нов начин – Вкусен и брз ручек

Компир на нов начин – Вкусен и брз ручек

Доколку сакате да ја промените вообичаената подготовка на компир, имаме нов специјалитет за вас.

Ова е рецепт за вкусен компир деликатес.

Состојки:

  • 5-6 компири
  • 2 шолји млеко
  • 2 лажици маргарин
  • 1 ситно сечен лук
  • 1 лажичка сол
  • бибер
  • 1 шолја рендано сирење

Начин на подготовка:

  1. Компирот се мие и лупи, се сече на ленти или парчиња и се посолува, па се става во претходно намачкан плех со маргарин или путер.
  2. Се загрева млекото на оган заедно со ситно сечените лук, сол и бибер, па откако ќе зоврие оваа смеса се става врз компирите во плехот.
  3. Ренданото сирење ставете го одозгора и печете го во претходно загреана рерна на 180 степени околу 1 час.
  4. Оставете го да се олади околу 15 минути, а потоа сервирајте.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Кнедли од компири

Компир плочки со богат фил

singlepost_text