Џумбус паприкаш: Традиционално посно јадење

Џумбус паприкаш: Традиционално посно јадење

Традиционално посно јадење, вкусно и сочно, за целото семејство! На брзина исечкајте зеленчук, кратко пропржете и оставете да се готви…

Состојки:

  • 1 праз
    1 морков
    4 свежи пиперки
    3 компири
    3 домати
    сол
    бибер
    сув зачин
    ловоров лист
    малку црвена пипер
    масло

Начин на подготовка:

  1. Празот исечкајте го на тенки кругови и пропржете го на масло, додајте морков исечкан на кругови, потоа исечкана пиперка и сè пржете додека не омекне, потоа додајте на листови исечкан компир и ловоров лист. Додајте малку пипер и малку вода и оставете да крчка 30 минути.
  2. Додајте излупен и исечкан домат, сув зачин, сол, бибер. Оставете малку течност.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

 

 

 

singlepost_text