Посна салата со компир за Свети Никола – Лесно се прави, а многу е вкусна

Посна салата со компир за Свети Никола – Лесно се прави, а многу е вкусна

Направете посна и лесна салата за големиот празник Свети Никола.

Ова се потребните состојки и рецептот:

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 2 црвени кисели пиперки
  • 3-4 кисели краставички
  • 2 главици црвен кромид
  • вегета
  • сол
  • магдонос
  • оцет

Начин на подготовка:

  1. Се вари компирот со лушпата, па додека е топол се лупи и се сече ситно.
  2. Во посебен сад се сече кромидот, се посолува и се ситни со вилушка. Се додаваат две сечкани кисели црвени пиперки, 3-4 кисели краставички, како и зачините и магдонос, па сè убаво се меша.
  3. Се става масло и оцет и се додава смесата на компирот. Промешајте и сервирајте декорирано по желба.

Среќна слава на сите кои го чествуваат празникот!

Повеќе салати на Gotvi.mk:

Вкусна салата со јајца

Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе

Шарена салата

Руска салата без мајонез и шунка

Одлична салата од карфиол

Најдобриот рецепт за руска салата

Запечена цезар салата

Салата деликатес

singlepost_text