Посна чоколадна торта: Толку вкусна што сите ќе ги воодушеви

Посна чоколадна торта: Толку вкусна што сите ќе ги воодушеви

Доколку постите, а сакате да подготвите нешто слатко и вкусно за најблиските, но и за себе, оваа торта е најдобар избор.

Состојки за кора:

  • 300 гр кафеав шеќер
  • 250 гр посен маргарин
  • 300 гр пирово брашно
  • 40 гр соино брашно
  • 60 гр какао во прав
  • 300 мл соино млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 1 кесичка прашок за печиво

Состојки за крем:

  • 750 мл соина павлака
  • 450 гр посно црно чоколадо
  • 80 гр кафеав шеќер
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки за кора ставете ги во сад и раматете глатко тесто. Ставете во кружен калап обложен со масна хартија и печете во рерна на 180 степени околу 45 минути. Кората изладете ја и пресечете ја на три дела.
  2. Од соина павлака измиксајте шлаг. На пареа растопете 400 гр чоколадо, додајте 250 гр шлаг, шеќер, ванила, разматете со миксер, измешајте го остатокот од шлагот и изладете во фрижидер.
  3. Долната кора филувајте ја со третина од кремот, поклопете со друга кора и така со ред додека не го потрошите целиот материјал. Од останатото чоколадо направете ролнички со нож и украсете ја тортата.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*