За болно грло, астма, кашлица и бронхит – Потполно природен лек

За болно грло, астма, кашлица и бронхит – Потполно природен лек

Ако ве мачат кашлица, бронхитис, астма или некој друг респираторен проблем, тогаш решението за него може да се крие во еден делотворен лек за кој имаме состојки во кујната.

Еве како да го направите и колку често да го пиете:

Состојки:

  • 500 гр црвен кромид
  • 500 гр шеќер
  • 2 лимони
  • 1,5 л вода
  • 7 лажици мед

Начин на подготовка и употреба на лекот:

  1. Шеќерот се загрева на среден оган во голем метален сад, а постојано се меша додека да порумени.
  2. Во растопениот шеќер се додава исчистениот и ситно исечкан кромид, кратко се пропржува, па се додава водата.
  3. Се заедно се вари на следниот принцип: се остава да врие додека да испари третина од водата.
  4. Смесата малку се лади, по што се додаваат сокот од двата лимони, како и медот.
  5. Сè заедно добро се промешува и се остава додека целосно да се излади.
  6. Смесата се цеди и се става во стаклена тегла или шише.
  7. Се користи една лажица пред секој оброк, додека да се потроши целата количина.

Помогнете си со оваа смеса во зимскиот период и намалете ја болката во грлото, како и непријатното кашлање.

Секако, задолжително одете на лекар, доколку имате симптоми на грип или настинка. Природните лекови не се замена за традиционалната терапија, туку се користат како нејзина поддршка, за превенција или, пак, како додаток во исхраната.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Кромидот може да биде многу корисен

Трик со кој нема да ви течат солзи при сечењето кромид

Осум причини да пиете вода со мед секое утро

Лечат кашлица: Домашни бонбони од кокос и мед

Оваа комбинација ќе ве спаси од кашлица за два дена

Мелем за болното грло

Моќен чај против кашлица

Сочни шницли во кромид

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*