Посен печен компир: Гарантирано фантастичен вкус

Посен печен компир: Гарантирано фантастичен вкус

Пикантен, а во исто време крцкав, сочен и ароматичен компир…

Состојки:

  • 700 гр компири
  • сув зачин
  • црвена пипер
  • лута пипер
  • бел бибер
  • посен кашкавал
  • рузмарин
  • лук во прав
  • мајчина душица
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Компирите исчистете ги и измијте ги, па отсечете ги врвовите на една страна. Потоа засечете ги како што е прикажано на видеото во прилог.
  2. Во чинија ставете малку масло и додајте ги сите насечкани зачини и добро измешајте. Полнете ги компирите во отворите со зачин. Редете ги во плех така што компирите ќе стојат на рамната отсечена страна.
  3. Уште малку намастете и печете на 200 степени околу 50 минути во рерна. На половина од печењето покријте со фолија да не загорат. Извадете ги од рерна и преку нарендајте посен кашкавал и вратете во рерна уште 10 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text