Чоколадни бомбици – Нема печење, лесен рецепт, готови се за миг

Чоколадни бомбици – Нема печење, лесен рецепт, готови се за миг

Направете вкусни чоколадни бомбици – десерт кој ви предлагаме да го направите за свечената трпеза или претстојните празници.

Ова се состојките кои ви се треба, како и начинот на подготовка::

Состојки:

  • 200 гр чоколадо
  • 25 мл рум
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр маргарин
  • 1 лажиче ванила

Начин на подготовка:

  1. Чоколадото се растопува со маргарин на оган, се додаваат ванилата, румот и потоа се лади смесата на собна температура.
  2. Додека мешате, се додава постепено и шеќерот во прав. Кога убаво ќе соедините и добиете компактна смеса, ставете ја во ладилник.
  3. Се обликуваат топчиња, па се украсуваат по избор.

Уживајте во слаткиот вкус на празниците 🙂

Повеќе рецепти со десерти на Gotvi.mk:

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос