Со овој мирис куќата ќе стане дом: Брза пита за појадок

Со овој мирис куќата ќе стане дом: Брза пита за појадок

Направете брза пита со која денот ќе започне со насмевка и неодолива арома.

Брзиот и вкусен рецепт се прави вака:

Состојки:

  • 500 гр готови кори за пита
  • 650 гр сирење
  • 1 јајце
  • 4 лажици кисела павлака
  • сол

Состојки за премачкување:

  • 1 јајце
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици јогурт
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Се соединуваат во еден сад сирењето со едно јајце и киселата павлака. Се става и прстофат сол.
  2. Посебно се матат состојките за премачкување на кората, односно јајцето со маслото, јогуртот и малку сол.
  3. Се ставаат корите за пита на работната маса, па се сечат по средината. Еден лист се премачкува со смесата за премачкување, па се поклопува со друг лист.
  4. Одозгора се ставаат две лажици фил.
  5. Се преклопува питата од сите страни да не излезе филот.
  6. На овој начин се прават сите кори и се редат во подмачкан плех. Се става одозгора малку масло.
  7. Печете во загреана рерна на 200 степени додека не порумени.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Меко, топло, вкусно: Полжав пита

Пита на стар начин со тиква

Посна пита со ориз и праз

Домашна пита каква што не сте јаделе

Сочна и крцкава пита со мелено месо

Посна пита со тиква и цимет

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*