Чорба од зелка за здрави зимски денови – Не е потребна запршка

Чорба од зелка за здрави зимски денови – Не е потребна запршка

Свежата зелка изобилува со голем процент на витамин Ц, како и други витамини и минерали неопходни за човековото тело.

Овој зеленчук искористете го за да приготвите чорба која изобилува со здравје.

Еве ги рецептот и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 праз
  • 1 морков
  • 2 чешни лук
  • 1 кг свежа зелка
  • 1 зеленчукова коцка за супа
  • 1 лажиче оригано
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 л доматно пире
  • 2 л вода
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Кромидот и празот ситно се сечат, па се ставаат во тенџере да се динстаат со масло. Се додава и половина шолја вода и се остава вака 5 минути.
  2. Лукот се сече, морковот се лупи и ренда, па се додаваат во садот со кромидот и празот. Ставете уште една шолја вода. Се додаваат и коцката за супа и ориганото.
  3. Зелката се сече ситно, па и таа се става во истото тенџере.
  4. Додадете ги и доматното пире и 2 литри вода.
  5. Се динста заедно околу еден час, па се додава и сол по вкус.
  6. Не и е потребна запршка, убава е вкусна и здрава.

На здравје!

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Посна чорба од кисела зелка варена во расол

Чорба од спанаќ идеална за есента – Ќе оздравите за миг

Црвено бела чорба: Само една чинија го закрепнува и лечи телото!

Оризот може да се подготви и вака: Вкусна крем чорба

Чорба од маринирани печурки – за ладните денови

По старски рецепт: Банатска компир-чорба со варени јајца

Чорба од праз, гриз и печен домат (ВИДЕО)

singlepost_text