Тава со тиквички, прсти да излижете – Ручек за половина час

Тава со тиквички, прсти да излижете – Ручек за половина час

Направете вкусен, деликатесен и брз ручек, кој ќе рашири и неодолива арома.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 500 гр тиквички
  • 60 гр гриз
  • 2 чешни лук
  • малку магдонос
  • 400 мл млеко
  • малку сол
  • малку путер

Начин на подготовка:

  1. Тиквичките се лупат и се сечат на тенки кругови.
  2. Им се става сол, па секоја од нив само од едната страна убаво се поминува во чинија со гриз. Потоа се редат на тава за печење со малку масло.
  3. Помеѓу тиквичките се ставаат ситно сечканиот магдонос и лук, па повторно ред тиквички со гриз.
  4. Одозгора се става млекото, како и малку путер или масло за да омекнат. Ставете сол по вкус.
  5. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Одлично одат во комбинација со чаша бело вино.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Гурманско мелено пилешко со зеленчук

Ролни од мелено месо

singlepost_text