Денот по утрото се познава: Појадок кој сите ќе ги донесе на трпеза

Денот по утрото се познава: Појадок кој сите ќе ги донесе на трпеза

Направете вкусен појадок од компир и сирење, кој со мирисот ќе ги примами сите да дојдат на трпеза. Совршено оди во комбинација со јогурт или павлака.

Ова се состојките што ви се потребни, како и начинот на подготовка:

Состојки за тесто:

  • 2 компири
  • 2 јајца
  • 150 гр брашно
  • 150 гр интегрално брашно
  • 200 гр кравјо сирење
  • 2 лажици павлака
  • малку прашок за пециво
  • сол

Состојки за пржење:

  • 2 белки
  • презла
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Се варат компирите и се ситнат со вилушка додека да се направи пире од нив.
  2. Во сад се ставаат сите останати состојки за тесто. Се додаваат и пире компирите
  3. Од тестото се прават мали погачици, кои се оставаат кратко да нараснат.
  4. Во меѓувреме изматете ги белките, па секоја погачица се става во белка, па во презла и на крај се пржи на загреано масло.
  5. Се ставаат на салфетка за да ја впијат маснотијата.

На здравје и имајте убав и успешен ден 🙂

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадокот со кој Кардашијан ослабе но ги задржа облините

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба