Плескавици со еден додаток кој ги прави совршени – Зимава ќе ви станат омилени

Плескавици со еден додаток кој ги прави совршени – Зимава ќе ви станат омилени

Често купуваме или правиме плескавици дома, но откако ќе ги пробате по овој рецепт, ќе ви станат омилени.

Прочитајте ги потребните состојки и начинот на подготовка на овие вкусни плескавици:

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 4 јајца
  • 4 лажици брашно
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 прашок за пециво
  • 1 помала главица црвен кромид
  • 1-2 чешлиња лук
  • масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Со миксер во подлабок сад се матат јајцата заедно со брашното, прашокот за пециво, ситно исечените лук и кромид и павлаката.
  2. На меленото месо му се додаваат сите зачини, па се става во смесата од садот.
  3. Убаво измешајте ја смесата за плескавици.
  4. Се прават плескавици и се пржат на врело масло на тава. Можете да ги правите и на скара.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Плескавици со пилешко и шампињони

Плескавици без мелено месо

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Гурманско мелено пилешко со зеленчук

Ролни од мелено месо