За вкусна вечера ви требаат 15 минути – Не може да биде поедноставно

За вкусна вечера ви требаат 15 минути – Не може да биде поедноставно

Направете многу вкусна вечера за само 15 минути по лесен и брз рецепт.

Ова е сè што ви треба за деликатесен крај на вечерта:

Состојки:

  • 1 јајце
  • 200 мл јогурт
  • 400 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 130 гр сирење
  • 130 гр кашкавал
  • 130 гр Пекабеско шунка
  • 1 лажичка оригано
  • 3 лажици кечап

Подготовка:

  1. Во сад се рендаат сирењето, кашкавалот и шунката, а од останатите состојки се замесува тесто.
  2. На површина посипана со брашно се развлекува тестото, па се сече на правоаголници или се формираат кругови.
  3. Врз секоја форма се става од смесата, па се витка додека да се спои.
  4. Се пржат на загреано масло од двете страни, се вадат и ставаат на хартија која ќе ја впие маснотијата.
  5. Послужете ги топли, а одлични се во комбинација со јогурт или павлака.

Добар апетит!

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Појадок или вечера за 15 минути

Прилог или вкусна вечера

Појадокот со кој Кардашијан ослабе но ги задржа облините

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*