Мерките се во лажици – Чоколадна торта за во микро, готова за миг

Мерките се во лажици – Чоколадна торта за во микро, готова за миг

Направете совршена чоколадна торта за која мерките се во лажици. Нема многу мака и труд.

Ова е сè што ви треба:

Состојки за тесто:

  • 2 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици млеко
  • 12 лажици масло
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица рум
  • 1 лажиче цимет
  • 1 прашок за пециво

Состојки за крем:

  • 2 дл слатка павлака
  • 100 гр млечно чоколадо
  • малку рум
  • мелени ореви

Начин на подготовка:

  1. Јајцата добро се матат со жица, па се додаваат сите останати состојки за тестото.
  2. Се истура смесата во огноотпорен сад кој се става во микропечка. Оставете го 5 минути на најсилна температура.
  3. Во меѓувреме се загрева павлаката со чоколадото за да се растопи.
  4. Откако тортата во садот е готова, ставете ја на чинија, па врз неа истурете го кремот, а врз него мелени ореви и малку рум.
  5. Може да украсите одозгора и со малку шлаг.

Уживајте и гответе со љубов 🙂

Повеќе рецепти со десерти на Gotvi.mk:

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

singlepost_text