Мафини со ореви и цимет

Мафини со ореви и цимет

Циметот им дава посебна арома на овие колачиња…

Состојки:

  • 1 шолја шеќер
  • 250 мл павлака за готвење
  • 1/4 шолја мелени ореви
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 шолја путер
  • 2 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 шолји брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Измешајте четврт шолја шеќер со ореви и цимет и оставете на страна.
  2. Во друг сад соединете путер, остатокот од шеќерот и јајцата, па додајте павлака за готвење и ванила. Во оваа смеса додајте ги и сувите состојки и сè убаво измешајте.
  3. Во намастен калап ставете малку од смесата, па фил (шеќер, ореви и цимет), па повторно малку смеса.
  4. Печете на 200 степени околу 20 минути.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*