Филети од сом или ослиќ во пивско тесто, сочни и крцкави (Видео)

Филети од сом или ослиќ во пивско тесто, сочни и крцкави (Видео)

Рибата е здрава намирница, нутриционистите ја препорачуваат како оброк барем еднаш неделно.

Доколку сакате поховани рибини филети, било да се од ослиќ, сом или некоја друга риба, еве одличен предлог.

Состојки:

  • 400 гр филети сом или ослиќ
  • 2 лажици брашно
  • прашок за печиво
  • 1 лажица зачин
  • 100 мл пиво
  • 100 гр презла
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • магдонос
  • 1/2 лимон

Начин на подготовка:

  1. Во брашното ставете пиво, зачин и прашок за печиво па измешајте. Во тава ставете масло да се загрее на средна температура. Секоја филета сом провлечете ја низ подготвената смеса, презлата, па во маслото пржете ја од двете страни. Пржените филети ставајте ги на хартиени салфети.
  2. Магдоносот исечкајте го ситно, додајте сечкан лук и малку масло, потоа измешајте, па посипете по рибите.
  3. Кромидот исечкајте го на поголеми парчиња, посолете и редете го покрај рибата. Пропрскајте ја рибата со сок од лимон и послужете.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*