Чоколадна торта со бадеми – Ќе оставите впечаток на врвни кулинари

Чоколадна торта со бадеми – Ќе оставите впечаток на врвни кулинари

Направете вкусна торта со чоколадо и бадеми од која сите ќе ви го бараат рецепт, но и парче повеќе.

Ова е сè што ви треба за ова слатко задоволство:

Состојки.

  • 5 јајца
  • 120 гр шеќер
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • малку сол
  • 50 гр брашно
  • 50 гр мелени бадеми
  • 30 гр какао
  • густин
  • 800 гр темно чоколадо
  • 400 гр павлака за готвење
  • 100 гр путер
  • малку рум

Начин на подготовка:

  1. Жолчките пенасто се матат со 60 грама шеќер и ванилин шеќер, додека во посебен сад се матат белките со малку сол и 60 грама шеќер. Потоа се соединуваат и се матат со жолчките.
  2. Се додаваат брашно, бадеми, какао и малку густин.
  3. Смесата се става во калап, посипан со брашно, а се пече во загреана рера на 180 степени околу 35 минути.
  4. Додека се пече тестото, се крши чоколадото, се растопува на оган, па се додава павлаката за готвење. Путерот се сече и се додава во смесата да се соедини. На овој начин го добиваме филот.
  5. Се трга смесата да се излади.
  6. Печената кора или пандишпан се сече хоризонтално на 2 дела, па секоја кора испрскајте ја со рум.
  7. Двете кори филувајте ги со кремот по редослед кора, фил, па повторно кора, па фил одозгора.
  8. Декорирајте на крај по желба.

На здравје!

Повеќе рецепти со десерти на Gotvi.mk:

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*