Брза торта која не се пече: Вкусен десерт со пишкоти (Видео)

Брза торта која не се пече: Вкусен десерт со пишкоти (Видео)

Оваа непечена торта со овошје се прави многу едноставно, а има фантастичен вкус.

Состојки:

  • 200 гр шлаг
  • 200 гр несолено сирење
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 мл млеко
  • 100 гр пишкоти
  • 1-2 банани
  • 6-7 киви

Начин на подготовка:

  1. Обложете плех со фолија. Разматете шлаг па додајте сирење и изедначете, може да се додаде и шеќер во прав. 
  2. На дното од калапот ставете неколку лажици шлаг, банани на кругови, потоа шлаг, па пишкоти потопени во млеко, потоа повторно шлаг, па киви сечкани на кругови. Редете така додека не го потрошите материјалот. 
  3. Оставете малку шлаг за украсување и ставете во замрзнувач еден час. Свртете ја тортата на фолија и украсете ја. Вратете ја во фрижидер добро да упие.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*