Меко и сочно месо кое се подготвува во рерна, за сите оние кои немаат многу време, а сакаат нивното семејство да има вкусен оброк…
Состојки:
- 6 големи парчиња свински врат (околу 1,2 кг)
- 1 лажица сув зачин
- 1 лажица магдонос
- 1 лажица сушен босилек
- 2 ловорови листови
- 1 лажица мелена црвена пипер
- 500 мл вода + 300 мл
- 1 лажица брашно
- 1/2 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 200 степени. Месото наредете го во тепсија, посипете со сув зачин, магдонос, босилек и ловоров лист. Потоа посипете 500 мл вода. Ставете во рерна да се пече еден час.
- Во текот на печењето свртете неколку пати. После еден час време разматете 300 мл вода, брашно, црвена пипер и сол. Прелијте преку месото, протресете ја тепсијата и вратете уште 30 минути да се пече.
- Пред послужување протресете ја тепсијата за сосот секаде да се изедначи.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна