Штрудла со тиква и ореви – за пост без зејтин

Штрудла со тиква и ореви – за пост без зејтин

Вкусен десерт за време на божиќниот пост…

Состојки:

  • 1/2 парче квасец
  • 2 дл млака вода
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 300 гр брашно

Состојки за фил:

  • 200 гр рендана тиква
  • 150 гр ореви
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • рендана кора од половина портокал
  • десетина цели ореви

Начин на подготовка:

  1. Во млака вода растопете шеќер и квасец. Во просеано, загреано на собна температура брашно, ставете го квасецот и замесете тесто кое нема да се лепи за прсти. Оставете го 20 минути на топло да нарасне.
  2. За тоа време нарендајте исчистена тиква на крупно ренде, додајте рендана кора од портокал и шеќер и сè измешајте.
  3. Надојденото тесто премесете го и развлечете кора во облик на правоаголник. Распоредете тиква, преку тиквата посипете мелени ореви и составете ја кората во облик на ролат.
  4. Обложете плех со хартија за печење, ставете го подготвениот ролат. Печете дваесетина минути на 200 степени додека не порумени. Изладете, посипете со шеќер и преполовини ореви и послужете со печена тиква.

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text