Рецепт за посебен појадок: Сендвич со јајце на око

Рецепт за посебен појадок: Сендвич со јајце на око

Направете појадок за медал. Сендвичи со јајце на око кои се топат во уста.

Состојки:

  • 2 лажици путер
  • 4 јајца
  • 4 парчиња кашкавал
  • 8 парчиња тост леб
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во голема тава растопете го путерот, па додајте ги јајцата и пропржете ги според вашиот вкус.
  2. Врз секое јајце ставете парче кашкавал да се растопи.
  3. Секое јајце ставете го на парче тост леб, па поклопете со друго парче.
  4. Зачинете по желба.
  5. Совет: Тост лепчињата можете претходно да ги ставите на тостер.

Добар апетит и имајте убав ден 🙂

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот?

ВИДЕО: Ова се прави од картон од јајца

Мафини со јајца на око

Печени јајца со сос

Сакате совршено пржени јајца?

ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?

ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца