Салата со прокељ: За сите љубители на зеленчук (Видео)

Салата со прокељ: За сите љубители на зеленчук (Видео)

Здрава мешана салата со прокељ за обожавателите на сите видови зеленчук.

Состојки:

  • 200-300 гр прокељ
  • 300 гр компири
  • 1 главица кромид
  • 1 поголем морков
  • 1 црвена пиперка
  • 2 чешниња лук
  • малку карфиол
  • масло
  • оцет
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Сварете компири, морков, прокељ и карфиол. Компирите и морковот исечете ги на коцки. Пиперката исечкајте ја на ситно, а прокељот, доколку е голем, на половина. 
  2. Кромидот исечкајте го на парчиња, а лукот на ситно. Сè посолете, закиселете по вкус и ставете масло. Сè измешајте. Салата е готова и можете да ја аранжирате по желба. Толку здрава, а толку вкусна!

 

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*