Пица со сланина и праз: Идеална за студените денови

Пица со сланина и праз: Идеална за студените денови

Оваа пица е многу хранлива и погодна за студените денови…

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 200 гр путер
  • 5 јајца
  • 100 гр сирење рокфор
  • 1,5 кг праз
  • 100 гр изрендано сирење
  • 400 мл павлака Пекабела
  • 4 лажици крем сирење
  • мускатно оревче
  • 100 гр сланина Пекабеско, сечкана на коцки
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Замесете глатко тесто од брашно, путер сечкан на коцки, 1 јајце и 3-4 лажици млака вода. 
  2. Замотајте го во фолија и оставете го во фрижидер 30 минути. 
  3. Изладеното тесто развлечете го, ставете го во плех обложен со хартија за печње, на него наредете рокфор сирење сечкано на парчиња. 
  4. Загрејте ја рерната на 180 степени. 
  5. Празот исечкајте го на кругови, бланширајте го во врела солена вода 1-2 минути, исцедете и распоредете по сирењето. 
  6. Измешајте ги останатите состојки (рендано сирење, павлака, крем сирење…), па со смесата прелијте ја пицата и од горе ставете сланина. Печете 20-тина минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*