Состојките ги имате дома: Рецепт за ролат со јаболка, мек како душа

Состојките ги имате дома: Рецепт за ролат со јаболка, мек како душа

Направете вкусен ролат со јаболка, со состојки кои речиси секогаш ги имаме дома.

Ова е сè што ви е потребно за подготовка на овој вкусен десерт:

Состојки:

  • 4-5 јаболка
  • 4 јајца
  • 120 гр шеќер
  • 120 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 4 лажици вода
  • малку лимонов сок
  • цимет

Начин на подготовка.

  1. Јаболките се лупат, се сечат на четвртинки, па на тенки делови. Се оставаат во сад и се прскаат со сокот од лимон за да не поцрнат.
  2. Тепсијата се обложува со хартија за печење, се редат јаболката, така што краевите треба малку да им се поклопуваат.
  3. Се двојат белките од жолчките. Во садот со жолчките се додава шеќер и се мати додека не добиете пенаста смеса, па се додава водата, лажица по лажица. Додавајте го постепено и брашното и матете.
  4. Белките се матат додека не добијат цврста форма на снег, па се соединуваат со жолтата смеса со жолчки.
  5. Се става смесата врз јаболката во плехот, и се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути.
  6. Се вади потоа плехот и обидете се смесата да ја завиткате во форма на ролат. Бидете внимателни за да не се прекрши. Доколку тоа се случи, сервирајте го на парчиња или наредете на катови.

Уживајте во слаткиот вкус на овој десерт.

Повеќе рецепти со десерти на Gotvi.mk:

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*