18 навики поради кои се дебелееме

18 навики поради кои се дебелееме

Ако сè уште внесувате многу малку храна во организмот, се изгладнувате или пак ги сметате внесените калории, ќе мора да ве разочараме – оваа идеја за намалување на тежината која потекнува од пред неколку децении, со текот на времето се докажа неточна.

Во продолжение пронајдете ги своите најчести навики кои ве изложуваат на зголемување на внесената храна, а со тоа и на тежината, па преземете соодветни решенија.

1. Не барате совети од нутриционист

Не можете се да знаете сами. Ако имате проблем со тежината, посетете лекар или нутриционист кој ќе ви подготви план на исхрана според вашите потреби и стилот на живот.

2. Спиете премалку или премногу

Според спроведените истражувања, личностите кои спијат три часа помалку од просечното, имаат поголема тежина од оние кои спијат 7 до 9 часа. Исто така, и личностите што спијат повеќе од 9 часа се склони кон зголемување на тежината.

3. Јадете „бесплатни“ грицки

Некои чипсови, кикирики, чоколади или бонбони кои ги служат во какулињата или рестораните навистина може да ви пречат. Само затоа што не плаќате за нив, не значи дека нема да ве здебелат.

4. Пиете премногу сокови

Без оглед на тоа дали соковите се газирани или не, ако не се свежо исцедени и незасладени, ве дебелеат повеќе од што мислите. Еден литар сок има калории речиси исто како еден чизбургер.

5. Прескокнувате оброци

Повеќето луѓе сметаат дека прескокнувањето на оброците ќе им помогне во намалување на тежината. Меѓутоа, прескокнувањето на оброкот само го успорува метаболизмот, а со тоа следниот оброк ќе имате потреба да биде пообемен.

6. Јадете пребрзо

Потребни се околу 20 минути додека сигналот на заситеност стигне од желудникот до мозокот.

7. Гледате премногу телевизија

Ако грицкате додека гледате некој интересен филм, внесувате многу повеќе калории отколку што сте свесни. Истото се случува и со гледањето телевизија додека го јадете ручекот или вечерата, така што избегнувајте ја оваа комбинација и сконцентрирајте се исклучиво на тоа колку храна внесувате додека јадете.

8. Се прејадувате на гости

Тоа што храната е послужена или премногу примамлива, не значи дека треба константно да се прејадувате, каде и да одите. Истражувањата покажуваат дека луѓето внесуваат повеќе калории кога пред нив има поставено шведска маса, за разлика од тогаш кога самите го одредуваат и нарачуваат својот оброк.

9. Јадете од преголеми чинии

Тоа што сакате да имате голема интересна чинија на трпезата, не значи дека треба да ја преполните. Задржете се до количината која ви е неопходна и покрај тоа што преполнетата голема чинија изгледа привлечно.

10. Користете ги чиниите за сервирање

Кога јадете во кругот на семејството, сервирајте по една порција во сечија чинија. Докажано е дека што повеќе храна има на масата, толку полесно ќе посегнете по нешто плус.

11. Мислите дека интегралниот леб не дебелее

Интегралниот леб е поздрав избор, но има повеќе калории дури и од белиот.

12. Гризете големи залаци

Оние кои имаат поголеми залаци од обично, внесуваат околу 52 % повеќе калории отколку оние кои внесуваат помали.

13. Премногу зборувате околу јадењето или пак гледате емисии за храна

Оној момент кога гледате како нешто се готви или пак истото го објаснувате, сигурно имате повеќе желба за јадење, без разлика кога и колкав бил вашиот претходен оброк.

14. Не пиете доволно вода

Водата е основна потреба за нормално функционирање на телото. Бидете сигурни дека имате доволно вода во вашето тело, бидејќи често пати организмот ги меша гладта и жедта, па наместо една чаша вода може да внесете некоја калорија повеќе.

15. Јадете премногу доцна

Поставете си го добро познатото правило, дека се што ќе внесете подоцна од 19 часот, ќе бидат неколку чаши вода или овошје во умерени количини. Доцните вечерни оброци може да го нарушат и најважниот оброк во денот, појадокот.

16. Не ја мерите вашата тежина

Престанете да ја избегнувате вагата. Мерете се неколку пати неделно, можеби ќе добиете поголема мотивација за намалување на тежината, отколку ако не сте запознаени со неа.

17. Емоциите ги лечите со храна

За жал, храната не помага да ги решите емоционалните проблеми, само можат да ја зголемат вашата депресија заради накачените килограми.

18. Константно сте под стрес

Сите живееме во средина во која имаме задачи и обврски, но тие не треба да претставуваат пречки во вашата исхрана. Избегнувајте го стресот како изговор за прескокнување или зголемување на оброците.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

За диета, здраво срце, висок притисок

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*