Торта чоколадна „бомба“ – Рецепт за претстојните празници

Торта чоколадна „бомба“ – Рецепт за претстојните празници

Изненадете ги вашите гости со Бомба торта, чоколадно филувана. Сања, која ни го испраќа овој рецепт, вели дека оваа торта е како создадена да ја направите за претстојните празници.

Состојки за пандишпан:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шекер
  • 6 лажици брашно
  • 6 лажици мелени ореви

Состојки за филот:

  • 250 гр маргарин
  • 250 гр шекер во прав
  • 1 литар млеко
  • 4 пудинга од ванила
  • 1 лажица брашно
  • 12 лажици шеќер
  • 3 јајца

Начин на подготовка:

  1. Состојките за пандишпанот се матат и се ставаат на хартија на печење во плех. Се пече отприлика 15 минути во загреана рерна на 220 степени.
  2. Маргаринот се мати заедно со шеќерот во прав.
  3. Пудингот, јајцата и една лажица брашно се раствораат во 250 мл млеко. Во останатото млеко се ставаат 12 лажици шеќер и кога ќе зоврие се става изматениот пудинг со брашното и 3 јајца да се свари.
  4. Изладениот пудинг се соединува со изматениот маргарин. Потоа филот се дели на 3 еднакви дела.
  5. Во првиот дел се става 200 гр сечкани ореви и 100 гр чоколадо.
  6. Во вториот се става 150-200 гр сечкани желе бонбони.
  7. Во третиот се ставаат неколку капки екстракт од малина за да добие розова боја.
  8. Испечениот пандишпан се става во округла вангла и се полни со филот. Прво еден фил па втор па трет. Се става во замрзнувач да замрзне. Кога ќе се стврдне се става на послужавник и се филува по желба. Можете како на фотографијата.

Уживајте во овој десерт!

Прочитај поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Сочна, вкусна и неодолива торта: Десерт за свечани трпези

Посна неодолива нес торта (Видео)

Торта со чоколадно млеко – Лесна, кремава и вкусна

Најдобар рецепт за љубителите на кокос – Торта без печење

Торта со газиран сок – Не сте пробале ништо слично

„Швалер“ торта, богата и кремаста: Кој еднаш ќе проба, постојано ја прави

Нема повкусен десерт: Алва-торта (Видео рецепт)

Се меша, реди и премачкува – Торта со неверојатен вкус

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*