Нема повкусни: Тестенини со спанаќ

Нема повкусни: Тестенини со спанаќ

За сите љубители на италијанската кујна, особено макарони, шпагети, лазањи… ова може да биде вашиот нов рецепт за највкусни тестенини.

Ви требаат неколку состојки, а ова е подготовката:

Состојки:

  • 500 гр спанаќ
  • 4 јајца
  • 500 гр тестенини по избор
  • 1/2 лажица доматно пире
  • малку сол
  • маслиново масло за готвење

Начин на подготовка:

  1. Тестенините се варат во солена вода, се цедат и се оставаат настрана.
  2. Спанаќот добро се мие, се сече на мали парчиња, а потоа се пропржува на маслиново масло додека не омекне.
  3. Откако ќе омекне, во тавата со спанаќ додајте ги и изматените јајца и зачините. На крај ставете го и доматното пире.
  4. Измешајте заедно со тестенините и ставете да се пече во тава десетина минути во загреана рерна на 200 степени.

Послужете топло, со изрендан кашкавал, моцарела или пармезан одозгора.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Јадете тестенини пред спиење – тоа е грешка

Вегетаријански сос за тестенини

Нова идеја за тестенини

Тестенини со сос од печурки

тестенини со кајмак

Тава со тестенини

Тестенини со туна и пченка

Тестенини со печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*