Нема слава без посни кифли – еве како да ги направите

Нема слава без посни кифли – еве како да ги направите

Кифли какви што посакува секој гостин!

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1/2 л масло
  • 1,5 чаша пиво
  • 2 кесички прашок за печиво
  • 2 лажици шеќер
  • сусам
  • 1/2 лажичка сол
  • кисела вода

Начин на подготовка:

  1. Во чинија со брашно ставете прашок за печиво, две лажици шеќер и половина лажичка сол. Кога ќе ги измешате, полека додајте прво масло, а потоа и пивото, како и малечка чашка (за ракија) кисела вода. Од тоа замесете тесто, додека не добиете глатка хомегена маса.
  2. Поради прашокот за печиво, бидете подготвени кифличките да се зголемат, па замесете ги потенки и помали. Премачкајте ги со кисела вода и – доколку сакате да ги послужите со солена трпеза – посипете со малку крупна сол која подоцна убаво ќе крцка.
  3. Наредете ги во плех кој сте го премачкале со маргарин и печете на 200 степени. Кога ќе поруменат, намалете ја температурата на 180 степени.
  4. Кога ќе бидат готови, извадете ги од рерна и веднаш прекријте ги со чиста платнена крпа, не притискајќи ги.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text