Ролат од месо: Од надвор крцкав, од внатре совршено зачинет!

Ролат од месо: Од надвор крцкав, од внатре совршено зачинет!

Ролат од мелено месо, полнет со сирење и чадено месо – идеален за неделен ручек. Подгответе го ден порано и печете го кога ви одговара…

Состојки:

  • 700 гр мелено месо по избор
  • средина од стар леб
  • 1 цело јајце
  • 1 лажица сув зачин
  • 1/2 лажичка бибер

Состојки за полнење:

  • 250 гр ситно сирење
  • 200 гр чадено месо

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо додајте издробена средина од стар леб, јајце, сув зачин и бибер, па со раце убаво измесете. 
  2. Намастете со масло парче алу фолија. 
  3. Ставете го целото месо и со раце обликувајте правоаголник на фолијата, од прилика 30х25 см. Не смее да биде премногу тенко, за убаво да се состави. 
  4. Преку месото наредете чадено месо, а по средината наредете сирење. 
  5. Замотајте во фолија, а во тепсија налијте 100 мл вода. Рерната загрејте ја на 200 степени и ставете да се пече 45 минути. 
  6. После 45 минути тргнете ја фолијата и допечете уште 30 минути, додека не фати кора. 
  7. Изладете го ролатот, па исечете го и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text