Вкусни кокосови гнезда – Eвтин, а неодолив рецепт за празничната трпеза

Вкусни кокосови гнезда – Eвтин, а неодолив рецепт за празничната трпеза

Вкусен десерт за љубителите на кокос и чоколадо. Совршен спој кој ќе ви се најде на празничната трпеза.

Ова е рецептот, како и начинот на подготовката:

Состојки:

  • 250 гр шеќер
  • 150 гр маргарин
  • 250 гр мелени бисквити
  • 100 гр кокос
  • 2 дл вода
  • малку нутела или друг крем по избор

Начин на подготовка:

  1. Се вари водата заедно со шеќерот, се додава маргаринот, па сè се меша додека да се растопи.
  2. Се остава смесата да се олади. Кога ќе стане смесата млака, се додаваат мелените бисквити и кокос.
  3. Се става смесата во фрижидер додека не се олади.
  4. Направете бомбици со мали вдлабнувања на нив одозгора.
  5. Овие вдлавнатини се филуваат прво со нутела, а потоа убаво се поминуваат низ кокос.

Повеќе рецепти со десерти на Gotvi.mk:

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*