Топло чоколадно вино – Сè што ви треба за зимските ноќи

Топло чоколадно вино – Сè што ви треба за зимските ноќи

Зимските ноќи, поради ниските температури, почесто седиме дома или на гости. Еве го нашиот рецепт и предлог како да си поминете незаборавно со семејството или пријателите.

Состојки:

  • 1,5 шолја млеко
  • 1 шолја црно вино по избор
  • 1/3 шолја исецкано чоколадо
  • шлаг за декорација

Начин на подготовка:

  1. Во сад се ставаат млекото со чоколадото, па се ставаат на средно јак оган да се растопи чоколадото.
  2. Се меша постојано, додека не се добие густо чоколадно млеко. Потоа, постепено се додава виното и се остава на оган уште кратко.
  3. Ставете го врелото чоколадо со вино во шолја и ставете шлаг за декорација.

Консумирањето алкохол е дозволено само за лица над 18 години. Gotvi.mk препорачува умерено и одговорно консумирање на алкохол!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Вкусот на зимата: Греено вино

Чај кој лекува од сите болести и чисти од отрови

Чај против слабокрвност

Домашни чајни кекси

Чај од шумска јагода

Чај од леска – малкумина знаат колку лекува

Здравствени придобивки од чајот од магдонос

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*