Плескавици без мелено месо: Крцкави од надвор, внатре сочни и меки

Плескавици без мелено месо: Крцкави од надвор, внатре сочни и меки

Неверојатен рецепт кој покажува како од компир и пилешко месо може да се направи деликатес.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 500 гр компир
  • 250 гр пилешко филе
  • 1 јајце
  • 100 гр презла
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажиче црвен пипер
  • сол
  • бибер
  • магдонос
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото се сомелува, компирот се става да се вари неизлупен, а кога ќе биде готов се лупи и се раситнува со вилушка во сад.
  2. Се додаваат сечканите кромид, лук, зачините, 4-5 лажици презла, јајце и малку магдонос.
  3. Послужавник се премачкува со малку масло, смесата се меси со раце, па се прават плескавички.
  4. Загрејте масло на тава, поминете ги во смеса од црвен пипер и презла, па пржете ги.
  5. Извадете ги на хартија да ја впие маснотијата од нив.
  6. Супер се во комбинација со кајмак, кечап, мајонез, тартар или сенф.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Гурманско мелено пилешко со зеленчук

Ролни од мелено месо

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*