Кој вели дека во пост нема што да се јаде? Вака добар намаз никогаш не сте пробале!

Кој вели дека во пост нема што да се јаде? Вака добар намаз никогаш не сте пробале!

Паштета од зеленчук и сенф која веднаш ќе ве освои со преубавиот вкус!

Состојки:

  • 300 гр црвен компир
  • 100 гр моркови
  • 50 гр пашканат
  • 1 главица кромид
  • 50 гр бланширани кикирики
  • 1 лажица сенф
  • 2 чешниња лук
  • малку сол
  • зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот згответе го во вода. Исчистете го и измијте го кромидот, па згответе го цел.
  2. Сè заедно разматете со миксер, па додајте лажица сенф, мелени кикирики и ситно сечкан лук. 
  3. Посолете по вкус, по желба додајте вегета, бибер, чили… Добро измешајте за сè да се соедини и оставете да се излади.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Неверојатен рецепт со кој може да ги оставите цигарите

Храна која задолжително треба да ја консумираат пушачите

Зошто не смеете да запалите цигара веднаш по јадењето?

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*