Палачинки со фил од јаболка, цимет и ванила

Палачинки со фил од јаболка, цимет и ванила

Ова е непобедлив зимски десерт – израдувајте ги своите најмили!

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 2 јајца
  • 2 дл масло
  • 3 дл минерална вода
  • 1 лажичка сол

Состојки за фил:

  • 2 лажици путер
  • 1 лажичка цимет
  • ванилин шеќер
  • 1/4 лажичка мускатно оревче
  • 3 јаболка
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица шеќер

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сите состојки за палачинки и оставете да отстои 30 минути.
  2. Во тава растопете путер, шеќер, ванилин шеќер, цимет и мускатно оревче во две лажици вода.
  3. Додајте излупени и на коцки исечкани јаболка и сок од лимон.
  4. Гответе на среден оган додека не омекнат, со непрекинато мешање.
  5. Испечете палачинки на кокосово масло. Наполнете ги со смесата од јаболка и послужете.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*