Шницли со лук – Сите ќе се „борат” за последното парче

Шницли со лук – Сите ќе се „борат” за последното парче

Направете вкусни шницли со лук. Брз ручек и фантастична арома.

Ова ви е потребно за да го приготвите овој деликатес со месо:

Состојки.

  • 600 гр телешки шницли
  • 6 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици брашно
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Шницлите се удираат, се става сол и убаво се поминуваат од сите страни во брашно.
  2. На загреано масло се пржат вака подготвените шницли од двете страни, па се вадат и ставаат во посебна чинија.
  3. Во истото масло се ставаат и ситно сецканите лук и кромид, па брашно, малку вода. Се остава да се пропржи.
  4. Се додаваат и зачини, па се враќаат шницлите во сос.
  5. Се крчка додека не омекнат и бидат готови според ваш вкус.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Вкусни месни залаци

Гурманско мелено пилешко со зеленчук

Ролни од мелено месо

Наполни главица кромид со мелено месо

мелено месо со зеленчук од тава

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*