Посна чорба – Вкусен рецепт со ориз, компир и печурки

Посна чорба – Вкусен рецепт со ориз, компир и печурки

Чорба со интегрален ориз, компир и печурки. Овој рецепт ни го испраќа Сања, а е одличен за овој период од годината кога се пости или сакаме да ослабеме пред претстојните празници.

Состојки:

  • 500 мл вода
  • 200 гр печурки
  • 2 раце интегрален ориз
  • 2-3 компири
  • 1 кромид
  • Томатело сос
  • сол, бибер, лук во прав и други зачини по вкус

Начин на подготовка:

  1. Најпрво, го сечкаме кромидот и малку го пропржуваме во масло заедно со печурките.
  2. Ги додаваме оризот и сечканиот компир, заедно со зачините.
  3. Ја ставаме и водата, па оставаме заедно да се вари најмалку 30 минути.
  4. Кога ќе се свари додаваме неколку лажици томатело сос за да добие на вкус и боја.
  5. Оставаме уште неколку минути да се вари на помалку степени. На крајот може да се додаде и малку магдонос.

На здравје!

Повеќе посни рецепти прочитајте ТУКА

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Посна чорба од кисела зелка варена во расол

Чорба од спанаќ идеална за есента – Ќе оздравите за миг

Црвено бела чорба: Само една чинија го закрепнува и лечи телото!

Оризот може да се подготви и вака: Вкусна крем чорба

Чорба од маринирани печурки – за ладните денови

По старски рецепт: Банатска компир-чорба со варени јајца

Чорба од праз, гриз и печен домат (ВИДЕО)

singlepost_text