Посен брауни колач полн со чоколадо

Посен брауни колач полн со чоколадо

Идеален колач за пост…

Состојки:

  • 400 мл вода
  • 250 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 3 полни лажици џем по избор
  • 100 гр шеќер

Состојки за прелив:

  • 2 растопени чоколада за готвење
  • 50 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 200 степени. Разматете шеќер, вода, џем. Додајте брашно и прашок за печиво. Не треба да користите миксер. Излејте во помала тепсија и печете околу 20-30 минути. 
  2. Згответе ги сите состојки кои се наведени за прелив и прелијте преку врелиот колач Посипете со кокос или мелени ореви по желба и оставете да се излади. Сечете на коцки и послужете.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text