Посна пита со ореви која се прави за 20 минути

Посна пита со ореви која се прави за 20 минути

Превкусна пита која ќе ја направите за 20 минути, а можете да ја послужите за вечера, слава…

Состојки за тесто:

  • 500 гр брашно
  • 2 лажици масло
  • половина квасец
  • 200 мл вода
  • 100 гр сечкани ореви

Состојки за фил:

  • 3-4 главици кромид
  • 150 гр сечкани ореви
  • бибер
  • лута пипер
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Направете го филот така што ќе издинстате кромид со малку сол. Кога ќе биде готов, измешајте го со 150 гр ореви, бибер и пипер. 
  2. Од водата, квасецот, малку сол и масло замесете тесто и оставете го да отстои десет минути. Поделете го на три дела, секој премачкајте го со масло, посипете со 50 гр сечкани ореви, премесете и така направете уште два пати. 
  3. Развлечете ги корите со сукало, првата ставете една во тепсија, пропрскајте со масло, па распоредете половина од подготвениот фил. Потоа ставете друга кора, нанесете фил, па покријте ја питата со трета кора. 
  4. Пропрскајте со масло и остатокот од оревите и печете на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text