Новогодишни колачиња со бело чоколадо

Новогодишни колачиња со бело чоколадо

Подгответе се за најубавиот период од годината со вкусни колачиња со бело чоколадо.

Ова се рецептот и начинот на подготовката:

Состојки.

  • 250 гр маргарин
  • 100 гр шеќер
  • 4 кеси ванилин шеќер
  • 200 гр бело чоколадо
  • 2 јајца
  • 400 гр брашно
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Во сад се ставаат маргаринот со шеќерот и ванилиниот шеќер и се матат. Откако смесата ќе стане кремаста се додаваат истопеното бело чоколадо и јајцата.
  2. Во истиот сад се ставаат брашното со прстофат сол и состојките заедно се мешаат.
  3. Смесата се остава еден час во ладилник за да се стегне.
  4. Потоа, на работната маса направете тесто и со модли правете различни фигури, па ставете ги на тепсија со намастена хартија за печење.
  5. Печете на 180 степени околу 10 минути.

СОВЕТ: Пред употреба, маргаринот е потребно да го оставите на собна температура за да омекне.

Повеќе десерти на Gotvi.mk:

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*