Несекојдневен рецепт за маринирани батаци со ајвар

Несекојдневен рецепт за маринирани батаци со ајвар

Овој рецепт е различен од сите кои досега сте ги имале за приготвување на батаци.

Еве како да го подготвите овој, несекојдневен, но многу вкусен деликатес:

Состојки:

  • 1 кг батаци
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажица доматно пире
  • 1 лажица ајвар
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Маслото се меша со ајварот и доматното пире во посебен сад.
  2. Батаците се чистат, мијат и се сушат.
  3. Ставете им сол и бибер, па намачкајте ги со смесата. Оставете ги така да впијат околу еден час.
  4. Наредете ги во тава и печете половина час на 220 степени.
  5. Потоа, свртете ги од другата страна и печете ги уште 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

Гурманско мелено пилешко со зеленчук

Ролни од мелено месо

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*