Нутела мафини – Рецепт кој ќе ги освои сите, особено децата

Нутела мафини – Рецепт кој ќе ги освои сите, особено децата

Купувањето на калапи за мафини е една од најдобрите инвистиции кои можете да ја направите во вашата кујна. Со нив можете да правите безброј на солени и благи мафин специјалитети.

Еве еден одличен рецепт за нутела мафини кој ни го испраќа наша читателка:

Состојки:

  • 1/2 шолја несолен путер (собна температура)
  • 1/4 шолја кокосово масло
  • 3/4 шолја шеќер
  • 3 јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 шолји брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • малку сол
  • 1/2 шолја нутела или сличен крем (собна температура)

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 220 степени.
  2. Изматете ги путерот (претходно оставен на собна температура), маслото, шеќерот, јајцата и екстрактот од ванила со електричен миксер додека да се изедначи.
  3. Измешајте во посебен сад брашното, прашокот за печиво и солта, па додајте ги во изматената смеса.
  4. Пополнете од смесата во калапите за мафини. Оставете простор за да ставите по 1 лажица крем на врвот на секој мафин. Кремот претходно треба да стои на собна температура.
  5. Измешајте со чепкалка одозгора. Направете неколку круга и оставете ја чепкалката на средина.
  6. Печете во загреаната рерна 5 минути.
  7. Намалете ја топлината на рерната на 180 степени.
  8. Продолжете со печење дополнителни 15-20 минути или кога ќе успеете да ја извадите чепкалката, без да се лепи во смесата.

Во зависност од големината на калапите, ќе ви излезат помеѓу 5 и 10 мафини.

СОВЕТ: Може да ставите и нешто повеќе од 1 лажица нутела на секој мафин.

Уживајте во овој сладок специјалитет кој често ќе сакате да го правите 🙂

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мафини со компир и пармезан

Овошни мафини

Солени мафини со спанаќ и сирење

Шварцвалд мафини

Мафини со кокос

Посно без зејтин: Сочни банана мафини, готови за миг!

Највкусен рецепт за солени мафини – Идеални за празниците

Мафини со мак и портокал

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*