Посно без зејтин: Сочни банана мафини, готови за миг!

Посно без зејтин: Сочни банана мафини, готови за миг!

Постот на вода е малку покомплициран од пост на масло – изборот на јадења е многу мал, а треба да најдете и оброк кој ќе ве засити.

Ви препорачуваме банана мафини – толку се вкусни и заситни, во нив не оди ни капка масло, а се подготвуваат многу лесно и брзо!

Состојки:

  • 2 банани
  • 200 гр шеќер
  • 350 гр пченично брашно
  • 100 гр ‘ржано интегрално брашно
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица прашок за печиво
  • сок од половина лимон

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере со 2-3 лажици вода измешајте шеќер и мед. Бананите изгмечете ги, па додајте ги во шеќерот и медот, измешајте и ставете на рингла на ниска температура за шеќерот да се растопи. Потоа додајте прашок за печиво и измешајте, а смесата ќе биде бела и пенлива.
  2. Кога смесата ќе се излади, постепено додавајте ги едното и другото брашно. Масата се уште ќе биде леплива и не е потребно долго да се меси, колку да се соединат состојките. Полнете ги корпичките со смесата и печете 15 минути на 200 степени додека не порумени.

Нашата читателка, Ружица Соколовска ги направи овие неодоливи мафини и ни ја испраќа нејзината фотографија:

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text