Сочна, вкусна и неодолива торта: Десерт за свечани трпези

Сочна, вкусна и неодолива торта: Десерт за свечани трпези

Десертот кој ви го препорачуваме е традиционален сомборски специјалитет…

Состојки за тесто:

  • 140 гр шеќер
  • 5 јајца
  • 2 чоколада, рендани
  • 2 лажици брашно

Состојки за фил:

  • 150 гр мелени ореви
  • малку вода или млеко
  • 150 гр путер
  • 150 гр шеќер во прав

Состојки за глазура и за украсување:

  • 50 гр чоколадо
  • 50 гр путер
  • 100 гр мелени ореви

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки со шеќер во цврст снег, па додајте жолчки, една по една, и понатаму матете, потоа лесно измешајте рендано чоколадо и брашно. Печете во три дела на 200 степени во округол намастен плех (калап за торта). 
  2. За филот, попарете ореви во малку врела вода или млкео, а кога ќе се излади додајте размате путер со шеќер во прав. Тортата филувајте ја помеѓу слоевите и од надвор, но така што од горе ќе оставите простор за глазура од чоколадо. 
  3. За глазурата, на најслаб оган растопете и измешајте еднакви количини путер и чоколадо. За украсување, посипете мелени ореви.

Послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*