Божиќни ѕвезди со цимет – Највкусните празнични колачиња

Божиќни ѕвезди со цимет – Највкусните празнични колачиња

Градот ќе блесне во новогодишната магија во празниците кои се пред нас. Еден од најубавите периоди од годината направете го уште повеќе посебен со вкусни божиќни колачиња.

Ви нудиме рецепт за божиќни ѕвезди со цимет:

Состојки:

  • 3 белки
  • 250 гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица цимет
  • 400 гр мелени лешници

Начин на подготовка:

  1. Белките се матат во цврст снег, а малку по малку се додава и шеќерот во прав.
  2. Од смесата одвојте две лажици за премакување, а останатата смеса матете ја додавајќи ги ванилиниот шеќер, циметот и околу 150 гр лешници.
  3. Месете ја смесата со рака додавајќи ги и останатите лешници.
  4. Ставете шеќер во прав на површината и направете тесто. Со калапи за ѕвезди вадете ѕвездички од тестото.
  5. Ставете ги на тепсија со хартија за печење и премачкајте ги со белките кои ги одвоивме.
  6. Печете 25 минути на 140 степени.
  7. Откако ќе се оладат ставете ги и чувајте ги пред послужување во лимена кутија.
  8. Совет: За да немате проблем со лепење на калапите, по секоја извадена ѕвездичка, ставете го калапот во вода.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*