Торта со чоколадно млеко – Лесна, кремава и вкусна

Торта со чоколадно млеко – Лесна, кремава и вкусна

Направете вкусна бисквит торта со чоколадно млеко. Ќе ве освои со првиот залак.

Ова е рецептот:

Состојки за кора:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 дл масло
  • 1 прашок за пециво
  • 3 дл чоколадно млеко

Состојки за фил:

  • 200 гр шеќер во прав
  • 2,5 дл слатка павлака
  • 300 гр мелени бисквити
  • 4 дл кисела павлака

За декорација:

  • 2,5 дл слатка павлака

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата и шеќерот, па се додава маслото во пенастата смеса, брашното, какаото и прашокот за пециво.
  2. На тепсија се става хартија за печење, се става смесата за кора, и се пече околу 15 минути на 200 степени.
  3. Кога ќе биде кората готова, уште додека е врела, се става врз неа ладно чокладно млеко.
  4. За фил се мати слатката павлака со шеќерот во прав, киселата павлака, како и мелените бисквити и сè убаво се соединува.
  5. Врз оладената кора се премачкува филот.
  6. Одозгора се декорира со слатка павлака.

Уживајте во слаткиот вкус на овј десерт!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос