Кус-Кус со зеленчук

Кус-Кус со зеленчук

Ако се храните со ваква храна, сигурно ќе бидете здрави, но и ќе уживате во добриот вкус.

Кус-Кус со зеленчук е јадење кое се подготвува многу едноставно…

Состојки:

  • 200 гр модар патлиџан
  • 1 лажичка нане
  • сол
  • 500 мл вода
  • 150 гр кус-кус тестенини
  • 150 гр шери домати
  • 100 гр морков
  • 3 лажици сусамово масло
  • 250 гр тофу
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр црвен кромид
  • 100 гр црвена пиперка
  • 100 гр жолта пиперка
  • 200 гр тиквици
  • 1 лажица сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Во поголема тава на загреано масло препечете исечкан лук и кромид. Додајте морков исечкан на кругови, налијте со малку вода и кратко продинстајте. 
  2. Потоа додајте измиени патлиџани и тиквици исечкани на коцки, додајте и исечкани пиперки. Посипете со зачини, нане и динстајте на слаб оган околу 10 минути. 
  3. Додајте тофу исечкано на коцки, шери домати и продолжете со динстање уште десетина минути. 
  4. Кус-кус тестенините ставете ги во врела, посолена вода, гответе ги 3-4 минути, исцедете ги и додајте ги во зеленчукот. 
  5. Ова едноставно и вкусно јадење послужете го посипено со нане.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text