Зелка салата во корпи – Вкусот чиста перфекција

Зелка салата во корпи – Вкусот чиста перфекција

Направете вкусна зелка салата во корпи, која сите ќе ги воодушеви, па ќе ве прашуваат кој е тајниот рецепт.

Ова е листата на потребните намирници и подготовката на деликатесната салата:

Состојки за корпи:

  • кори за гибаница
  • 1 коцка маргарин

Состојки за салата:

  • 1 кг кисела зелка
  • 150 гр шунка
  • 150 гр кашкавал
  • 200 гр мајонез
  • 1 шолја кисела павлака
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Најпрво се подготвуваат корпите во кои потоа се става смесата. Корите се сечат на квадрати со димензии 10×10 сантиметри, па се спојуваат неколку кори со растопен маргарин на нив, во калапи за мафини.
  2. За филот за салатата се ситни киселата зелка, па се става малку шеќер на неа и се остава да отстои 30 минути.
  3. Кашкавалот се ренда, шунката ситно се сече.
  4. Се мешаат во сад зелката, кашкавалот, шунката, павлаката, мајонезот и малку сол и се остава да се олади.
  5. Пред служење се полнат корпите кои сме ги испекле претходно на 180 степени околу десетина минути.

На здравје!

Повеќе салати на Gotvi.mk:

Вкусна салата со јајца

Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе

Шарена салата

Руска салата без мајонез и шунка

Одлична салата од карфиол

Најдобриот рецепт за руска салата

Запечена цезар салата

Салата деликатес