Ви требаат само 2 минути да се вклучите во една нова еко акција – Еве како да го собирате искористеното масло по готвењето

Ви требаат само 2 минути да се вклучите во една нова еко акција – Еве како да го собирате искористеното масло по готвењето

Сите уживаме во готвењето, а особено во приготвените јадења како помфрит, пирошки, крокети, пржени лепчиња или ќофтиња, како и поховани маслинки, зденки, тиквички…

Знаеме што е вкусно, но каде го фрламе искористеното масло при готвењето? Најчесто во мијалникот или во одводните цевки, а неретко тоа придонесува за затнување на одводите и секако огромно загадување на почвата и водите. Веројатно сите сме свесни и дека повеќекратното користење на исто масло за готвење е штетно по нашето здравје и има канцерогени својства.

Какво е решението, ги прашавме одговорните лица во компанијата Суниленс која е лиценцирана за собирање и рециклирање на отпадните масла од домаќинствата и индустриските објекти. Еве го нивниот одговор:

„Приклучувањето во еко акцијата за собирање на отпадно масло од домаќинствата е лесно и едноставно. Граѓаните можат тоа да го направат преку веб страната www.sunilens.com.mk, преку нашата Фејсбук страна или пак директно да не побараат на телефонските броеви. Нашата мобилна екипа доставува 3 литарски специјални пластични садови за безбедно и хигиенско собирање на отпадните масла директно до секое домаќинство. Откога ќе се наполни садот, собирачот треба да не контактира за да го испратиме нашиот тим да ја подигне собраната количина на отпадно масло и да достави нов чист сад за собирање. Притоа при секое собирање на 3 литри отпадно масло, доделуваме половина литар сончогледово масло како додатна мотивација за секој собирач. Собирачот може да одлучи да си го задржи маслото за себе или пак да го донира преку здруженето Љубезност во рамките на акцијата “Рециклирај и донирај“, информираат од Суниленс.

Сите заинтересирани граѓани можат да се вклучат во еко акција за собирање на отпадните масла за јадење од нивните домови со јавување на телефонските броеви 02/2650-100; 02/2650-600 или 070/264-444, како и со пополнување на контакт формата достапна на следниот ЛИНК

Gotvi.mk веќе се приклучи на оваа иницијатива и ја заштитува природата. Ти си на потег!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

„Рециклирај и донирај“ – Еко-хуманитарен проект на Суниленс и Здружението Љубезност

Што може да научиме кај баба и дедо дома?

Го фрлате отпадното масло за јадење во мијалникот? Еве како ја загадувате природата

Нов систем за собирање на отпадно масло за јадење од домаќинствата – Еве како да се вклучите во оваа еко акција

Дечиња во градинка заедно со „Петко“ учат за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење

Рециклирај и донирај: Собирање на отпадно масло од домаќинства

Од отпадно масло до енергија – Вклучи се во еко акцијата на Суниленс

За маслото да не прска при пржење – има лесен трик, нема да се горите повеќе