Штрудла со ореви и чоколадо – Десерт кој е добитна комбинација

Штрудла со ореви и чоколадо – Десерт кој е добитна комбинација

Вкусна комбинација на ореви и чоколадо. Штрудла мека како душа каква што не сте јаделе до сега.

Ова е рецептот за неа:

Состојки:

  • 500 гр брашно тип 400
  • 120 гр маргарин
  • 1 коцка квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 250 мл млеко
  • 60 гр шеќер

Состојки за фил:

  • 250 гр мелени ореви
  • 50 гр рендано чоколадо
  • 100 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 20 гр маргарин

Состојки за премачкување:

  • 1 јајце
  • малку вода

Начин на подготовка:

  1. Млекото се загрева, еден мал дел се одвојува и во него се разматува квасецот со лажиче шеќер. Тргнете го настрана.
  2. Останатото млеко се става во сад и му се додава маргаринот. Се меша додека не се растопи.
  3. Се додаваат брашното и шеќер, па сè се меша и се замесува тесто, кое се остава да нарасне.
  4. Во меѓувреме додека се чека тестото да нарасне, подгответе го филот.
  5. Оревите ставете ги во сад со шеќерот, додајте и крупно изрендано чоколадо. Млекото загрејте го и додадете го маргаринот во него за да се стопи.
  6. Ставете го и млекото со квасецот кое го тргнавте настрана во садот со ореви и мешајте додека не се изедначи.
  7. Тестото кое го чекавме, во меѓувреме нарасна, па премесете го и поделете го на два еднакви дела. Секој дел премачкајте го со филот.
  8. Направете ролат и ставете го во тепсија, па премачкајте го со јајце и малку вода. Печете на 200 степени околу 30 минути.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Домашна штрудла со крушки

Штрудла со мак

Штрудла со лешник и мак

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*