Најдобар рецепт за љубителите на кокос – Торта без печење

Најдобар рецепт за љубителите на кокос – Торта без печење

За сите љубители на кокос, ова е најлесната и највкусна кокос торта.

Еве го рецептот за ова благо кокос доживување:

Состојки:

  • 280 гр овесни снегулки
  • 100 гр кокос
  • 1 лажица маргарин
  • 100 мл млеко
  • 2 лажици шеќер во прав

Состојки за крем:

  • 2 пудинга од ванила
  • 1 л млеко
  • 120 гр шеќер
  • 1 лажица густин
  • 150 гр кокос
  • 1 кесе желатин
  • малку кокос за одозгора

Начин на подготовка:

  1. Овесните снегулки се мелат, па се ставаат во сад со кокос и шеќер.
  2. Се растопува маргаринот во загреаното млеко, па се додава во смесата од овесни снегулки, кокос и шеќер.
  3. Земете калап, ставете намастена хартија, па натапкајте ја смесата.
  4. Ставете во ладилник да се стегне.
  5. Во меѓувреме подгответе го кремот за тортата. Во 800 мл млеко ставете ги шеќерот и кокосот, па загрејте ги, а во останатото млеко ставете го пудингот и густинот.
  6. Додадете го и млекото со пудингот во врелото млеко со кокос и шеќер.
  7. Подгответе го желатинот, така што ќе го ставите во сад со 4 лажици ладна вода, па ставете го во микро да се растопи.
  8. Додадете го и него во кремот.
  9. Ставете ја оваа смеса врз смесата од калапот, па наросете кокос.

Оставете да се олади уште малку, па сервирајте. На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

Домашни крем банани – вкусот на детството

Бомбици на кои им нема замена

Бомбици со дуња и кокос

Вкусна обланда со плазма и ореви

Обланда бомбици – вистински хит

Преубава обланда со кокос

singlepost_text